Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 457.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти. Во Штип се 36 хоспитализирани.
На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес 2, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во Струмица се лекуваат 29 пациент, во Кочани 7, во Кичево 6, Кавадарци 50, Гевгелија 9, а во Дебар 13.
Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.