(ВИДЕО) 79-годишен кумановец загина во пожар во склад во Средорек

79 годишен кумановец загина во пожар во склад на приватна фирма во населбата „Средорек“ во Куманово.

Противпожарната единица веднаш интервенирала со шестмина пожарникари и две возила, но мажот веќе бил починат. Според сведоштвата лицето се вратило да го гасне пожарот.

Причината поради која избувнал пожарот полицијата допрва ќе ја утврдува.