Полицијата во изминатово деноноќие напишала 82 казни по основ непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето. Бројката на ниво на СВР Куманово е 120, од кои во Крива Паланка 28 и во Кратово 10. Што се однесува до пречекорувања на забраната за движење по 22 часот, истите не биле регистрирани.