Нема чекање во редици, лото може да се игра и онлајн

Љубителите на игрите на среќа за учеството во Лото и Џокер можат да уплатат и онлајн преку веб страницата loto.mk, која од неодамна доби нов изглед и функционалност, па сега е активен и канал за уплата за учество.

Со ова, веб страницата на Државната Лотарија, стана ново мобилно среќно место на играчите на игрите на среќа кои среќните броеви и комбинациите во лото и во Џокер играта  можат да ги уплаќаат и преку интернет од било каде и во  кое било време, наместо да чекаат во редици, уплатата им е достапна од домот, омиленото кафуле, канцеларија и од секаде каде што се ONLINE.

Се што треба да направат е само да се регистрирате, да креирате свој кориснички профил, а потоа на сметката на корисничкиот профил да се уплати депозит за игра од платежна картичка. Уплатените средства ќе се евидентираат на сметката на корисничкиот профил од каде може да се користат за игра.

Добитниците кои своите уплати ги реализирале преку веб страната – www.loto.mk ќе имаат покус пат до освоените добивки, бидејќи сите освоени суми, освен сумите за добивките од прва категорија – премиите на ЛОТО 7 и Џокер, ќе се добиваат на сметката на корисничкиот профил.

Корисничкиот профил ги чува сите внесени податоци, податоците за игрите, историјатот на уплатите и исплатите, а средствата добиени од исплатените добивки може да се користат за игра и да се повлекуваат на личната трансакциска сметка согласно потребите на играчот.

ONLINE уплатата на ЛОТО 7 ги овозможи сите опции за игра кои ги нуди и играта со помошно ливче. Може да се играте обична ЛОТО 7 комбинација, полн или скратен систем, но и да се претплати за до десет кола. Во Џокер играта може да се играте од еден до 50 џокер броеви. Новина во ONLINE играњето се можностите да се зачува омилена комбинација и последно одиграно ливче и за следно коло да се одигра со еден клик.


Уплатата за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е брза, лесна и безбедна, во согласност со правилата на игрите на среќа и важечките законски и подзаконски прописи во нашата земја. Уплатата на ЛОТО 7 и Џокер може да се реализира исклучиво на територија на Република Северна Македонија и важи за сите граѓани на возраст над 18 години.

Државна Лотарија ја задржа популарната цена на комбинација ЛОТО 7 и Џокер број, од 20 денари по комбинација/ џокер број. Во моментов, премијата на играта на среќа ЛОТО 7 изнесува над 8 милиони денари.

Воведувањето на можност за ОNLINЕ уплата на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е резултат на обемен и долготраен проект на Државна Лотарија. Отворањето на интернет канал за уплата е големо скалило во искачување на компанијата на ниво на развиените европски лотарии.

Со учество во игрите на среќа на Државна Лотарија се гради фонд за инвестирање во републичкиот буџет од каде се финасираат општестевно корисни цели.

Коментари

коментар(и)