Кумановци скокаа по светиот крст

Триесет и двегодишниот Дејан Цветановски вчера беше најсреќниот меѓу дваесетмината кумановци кои што скокаа по светиот крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“, по повод празникот Богојавление Водици.

Цветковски повеќе пати досега учествува на оваа традиционална манифестација, но годинава првпат среќата му се насмевна токму нему.

– Седми пат како скокам по крстот. Оваа година успеав, среќен сум и возбуден, изјави Дејан Цветановски.

Претходно во соборниот храм „Свети Никола” се одржа и литургија по повод празникот на која присуствуваа голем број верници, од кои што дел пресекоа славски колач, зедоа осветена вода и се помолија за здравје, мир и благосостојба.

Крст се фрлаше и во базенот на црквата „Света Троица“, каде што заврши во рацете на Павел Петровиќ, како и во затворениот градски базен, каде што најбрз меѓу пливачите беше петнаесетгодишниот Дарио Јордановски.

Јордановски е прва година средно училиште и втор пат скока по крстот.

– Очекувам оваа година да ми донесе среќа и радост, тоа е најважно, рече Јордановски.

Тој им порача на сите кои што досега не биле дел од ваква манифестација да си ја пробаат среќата наредната година.

Коментари

коментар(и)