Општината го поздравува Правилникот за екскурзии

Со новиот Правилник за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните и средните училишта ќе се зголеми конкуренцијата меѓу туристичките агенции, безбедноста на учениците, а се очекува и намалување на цената на услугата за реализираната активност од страна на агенциите, вели раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Жика Крстевски. Тој ја поздравува одлуката на министерството за образование и наука за измена на правилникот .

– Ние како општина реагиравме предминатата година со допис од градоначалникот дека треба да им се дадат услови, шанса на агенциите кои ги има, да добијат шанса и првпат да има затоа што беше лош тој услов дека мора да има три успешно реализирани ексукрзии или излети за да може да биде рамноправен со другите . Сега се даде законска основа, веќе училиштата си ја почнаа постапката затоа што треба училишен одбор да донесе одлука па Биро за развој на образованието да даде свое мислење, па Советот преку Комисијата за образование да даде свое мислење па тогаш да се распише јавен повик за пријавување и им се дава шанса на тие кои ги исполнуваат условите по новиот правилник да се зголеми конкуренцијата , а со тоа се очекува да падне цената, меѓутоа во секој случај прв и основен услов е да бидат безбедни учениците и екскурзиите што се реализираат во нашата држаав и во странство. Очекувам дека секој со своја одговорност  и надлежност ќе се однесува во однос на екскурзиите и дека нема да има никакви проблеми, изјави Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование во Општина Куманово

Освен што е укинат членот 19 согласно кој секоја туристичка агенција требаше да има изведено три училишни екскурзии за да може да конкурира,  со новиот Правилник еден од главните услови кои што треба да ги исполни понудувачот е да биде регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата, излетот или друга вонучилишна активност на учениците од основните училишта. Новиот Правилник за екскурзии и излети е објавен на 25 декември минатата година од МОН.

Коментари

коментар(и)