Успешна крводарителска акција на полицијата

Во просториите на СВР Куманово денеска се организираше редовна крводарителска акција за припадниците на кумановската полиција. Акцијата ја организира Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и општинската организација на Црвениот Крст.

– Секогаш одлично соработуваме со полициските станици ширум државата. Во Куманово три пати организираме.  Обично акциите се успешни и  имаме околу 50-тина дарители, изјави доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфуциона медицина

-Акцијата се спроведува согласно годишниот план, а до крајот на акцијата се очекуваат околу 60 крвни едници, изјави  Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово

Еден од денешните крводарители е и Виктор Петровски, вработен во МВР, ПС  Куманово, кој рече дека дарува крв над дваесет пати и ги повика оние кои се двоумат да даруваат, бидејќи е хумано и добро за здравјето.

 СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно,  во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.

Коментари

коментар(и)