Филипче: Со дополнителната рестрикција, сметаме дека може да се спречи ширењето на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека дополнителната рестрикција на движење во Куманово која ја донесе Владата треба да придонесе да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Во моментот на Клиниката за инфективна болести хоспитализирани се 67 пациенти, 10 од нив се со тешка клиничка слика.
Во Куманово испратени се двајца доктори. Денеска Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час кој ќе трае до денеска од 21 часот, па се до 5 часот сабајле до понеделник. Сметаме дека со дополнителна рестрикција внатре во градот, може да се спречи ширењето, рече Филипче.

Коментари

коментар(и)