Седуммина новозаболени кумановци, шест случаи во Општина Липково
13 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие регистрира Центарот за јавно здравје Куманово. Според директорот , Ариф Љатифи седуммина од новозаболените се од Општина Куманово, шестмина од Општина Липково.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во, најмногу во Скопје , 66 новозаболени.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти, а надлежните информираат и за шест починати лица, по еден пациент од Скопје, Тетово, Охрид и Ресен и двајца од Штип, на возраст од 53 до 80 годнини.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Во Куманово од почетокот на епидемијата евидентирани се 723, а во моментов активни се 268 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти, Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“се лекуваат 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Битола 44 , во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се лекуваат 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.