Реконструкција на покривот на О.У. „Кочо Рацин“

Со цел континуирано подобрување на условите во нашите училишта, започна првата фаза од проектот за реконструкција на кровот на училиштето ООУ “Кочо Рацин” – Куманово. Паралелно се работи и на унапредување на условите за спорт и рекреација во општината, а намерата е образованието да биде столб на нашето општество и да продуцира кадри со правилен развој уште од најраните години, стои меѓу другото во денешната објава на фб профилот на градоначалникот Димитриевски.