351 интервенција за пожарникарите минатата година
Најголем дел од пожарите во 2020 година биле на отворен простор и тоа во 127 случаи, 102 интервенции се бележат на запалени објекти, во сообраќајни незгоди е делувано 20 пати и под останато се водат 102 интервенции.
Според различни начини на потекло, намерно предизвикани пожари имало 191 пат, од невнимание се случиле 138 пожари, детската игра била причина само 3 пати, по природен пат настанале само 8 пожари, а 11 настани се водат како неутврдени.
Како последица од пожар загинале 4 лица, а со лесни повреди се здобиле 7 луѓе.
Скоро сите, односно 350 интервенции биле на неосигурани објекти, а само еднаш станувало збор за државна сопственост која била со осигурување.
Од ТППЕ Куманово посочија дека имало намалување на пожарите во споредба со 2019 година и изразија благодарност до граѓаните за соработката.