КК Куманово прв во Израел ќе игра пред публика

Кошаркарскиот клуб на Куманово, во првата рунда од втората фаза во регионалното БИБЛ натпреварување, ќе гостува кај израелскиот Хапоел Холон.

Раководството на лигата соопшти дека средбата во „Тото“ Арената ќе се одигра пред домашните навивачи, односно трибините ќе бидат исполнети со околу 300 гледачи. Ова е за прв пат откако пандемијата стана „новото нормално“ и во кошарката.

Натпреварот е закажан за 23-ти февруари, во 17 часот, а за Куманово тој ќе биде голем предизвик.

Само да потсетиме дека ново формираните групи имаат по 3 екипи (Куманово, Холон и Академик) и ќе се игра на принцип дома-гости, каде првите две ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

Коментари

коментар(и)