Контроли за брзо возење на автопатот Гевгелија-Куманово
Зајакнатата акциска контрола на мобилната единица за безбедност во сообраќајот казни 75 лица на автопатот Гевгелија-Куманово. 12 од нив се движеле со брзина над 50 км на час од дозволената, а едно возило дури и со над 70 км/ч. Засилени контроли ќе има и во наредните денови.