Годинава, кампањата за Светскиот ден на бубрегот, во услови на COVID пандемијата, е насочена кон едукација за важноста на бубрежните заболувања и сите аспекти на превенција, рано откривање и третман. Годинашното мото е Living well with kidney disease. – Живеј квалитетно со бубрежна болест.
Во земјава околу 200 илјади граѓани имаат некоја форма на бубрежно заболување, а на дијализа одат оклу 1600 пациенти .
ДИАВЕРУМ како светски водечки давател на бубрежна нега , во нашата држава во своите 9 Центри за дијализа се грижи за околу 700 пациенти на дијализа.
Клиниката на ДИАВЕРУМ во Куманово со низа активности се приклучи кон кампањата по повод Светскиот ден на бубрегот.