IN MEMORIAM: Почина Горан Гаврилов , сопственикот на Канал 77
Денес по кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и сопственик на Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис.
Гаврилов на македонската јавност и е познат како долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.
Поради своето познавање, беше вклучен во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.