Вандализмот повторно завладеа во Куманово
Вчеравечер излезе во јавноста слика на која се гледа паднат семафор, на потегот на улицата „3 МУБ“ односно во близина на т.н. локација „Тифани“. Градоначалникот исто така се произнесе по однос на овој случај со статус на неговиот официјален ФБ профил, каде вели дека Општината и во овие тешки времиња реализира проекти, но на некого очигледно му пречи да имаме улици кои се со функционална вертикална сообраќајна сигнализација. Ваквиот чин на несовесност за околината и себичност поради внатрешни побуди за уништување, е за осуда и сторителот треба да се пронајде и казни.