Евидентно е дека бројот на заболени од корона е во пораст и во Куманово. Регуларните и брзи тестови, односно термините за нивно добивање, претставуваат тешкотија за матичните лекари кои и административно се трудат да ја добијат секоја поединечна битка за пациентите. Здравствените работници од нашиот град укажуваат и на потребата од зголемени тестови за Д-димери и стравуваат дека при евентуално зголемување на бројот на заразени и недостаток на свест и построги мерки на движење, исходот би можел да биде фатален.