Кумановската полиција приведе кумановец кој одзел пари од вработена во казино, соопшти денеска СВР Куманово. Имено, вчера во 21: 45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.М.(36) од Куманово поради сомнение дека околу 18:50 часот во казино на улицата „Тоде Мендол“ искористил згодна прилика и одзел пари од вработената. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.