Од Општата болница во Куманово преку својот официјален Fan page на Facebook укажуваат на своите сограѓани дека статистичките податоци укажуваат присуство на психоемоционални проблеми кај голем дел од заболени и прележани пациенти од вирусот Covid-19. За таа цел психолошката служба при ЈЗУ Општа болница Куманово, започнува со кампања за бесплатна психосоцијална помош и поддршка. Тие ги повикуваат сограѓаните и потенцијални пациенти доколку имаат потреба од разговор со психолог да ги остават своите податоци во порака на нивниот профил. Се бара име, презиме и телефон контакт, на кои ќе бидат контактирани секој работен ден 12 – 15ч.
Тие порачуваат да го надминеме овој пандемиски период преку насочување кон позитивните вредности во животот.