КК Куманово славеше над МЗТ Скопје
Кошаркарите на Куманово на гостински терен ја совладаа екипата на МЗТ Скопје Аеродром, со резултат 83:76.
По овој натпревар кумановци може да се надеваат на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот.
Во тимот на Куманово, Ливингстон постигна 20 поени и 11 асистенции, 17 поени запиша Андрејевиќ, Маркоски имаше 13 поени, еден помалку постигна Џекиќ.
До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар.