Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови.
Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
