Приведени две лица на ГП Табановце

Две лица биле приведени во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин Табановце, едниот државјанин на Р.Албанија, вториот на Црна Гора.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во првиот случај бил приведен 25-годишен Албанец, бидејќи на пасошка конторла приложил патна исправа на друго име.

Во вториот случај, станува збор за триесет и едногодишен жител на Црна Гора. По извршена контрола било констатирано дека потврдата за извршена вакцинација против ковид-19 е фалсификувана, велат од Министерството за внатрешни работи.

Двете лица биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.