79 годишен кумановец загина во пожар во склад на приватна фирма во населбата „Средорек“ во Куманово.
Противпожарната единица веднаш интервенирала со шестмина пожарникари и две возила, но мажот веќе бил починат. Според сведоштвата лицето се вратило да го гасне пожарот.
Причината поради која избувнал пожарот полицијата допрва ќе ја утврдува.

