Да го подигнеме квалитетот на изнесување на смет, но и уредување на дополнителни зелени површини, обновување на постојните, и селекција на отпадот, се главните приоритети на кои ќе се посветам во овој мандат, вели новозначениот директор на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски, кој втор пат ќе управува со установата задолжена за хигиената во градот.
Стојчевски посочи дека ќе се обиде да постави и нови садови за смет, каде што граѓаните ќе имаат можност да го селектираат отпадот. Нагласи и дека ќе работи на подобрување на условите за вработените, набавка на нова опрема. Истакна и дека претпријатието е подготвено за зимското одржување на градот.
