На Градскиот плоштад наредната недела на 6, 7, и 8-ми октомври ќе се одржи 23-от по ред пчеларски саем „Денови на мед 2022“.
Саемот на мед во Куманово традиционално го организира пчеларското здружение „Пчела“.
Мед и пчелни производи ќе изложат пчелари од регионот. Свеченото отворање е предвидено на 6-ти октомври (четврток) во 10 часот.