Тројца кумановци нападнале полициски службеници

Полициски службеници од Секторот  за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода тројца кумановци, затоа што пред угостителски објект во Куманово физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.