Поскапува бензинот 98, поевтинуваат дизелот и екстра лесното
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство. Поевтинува и мазутот, за 0,8 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС, 98,5 денари на Екстра лесното 1 , а 51,03 денари на мазутот. Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. Месецов.