Кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ е домаќин на ученици и професори од партнер училишта од Португалија, Полска и Италија, во рамки на ERASMUS +проектот „Get Ready 4 the Future“ / Подготви се за иднината, информираа од училиштето. Целта на проектот е воведување на нови технологии во образовната понуда во европски училишта, експериментирање и меѓународна соработка и споделување на добри практики во иновативното учење, поголема употреба на роботика, кодирање и дигитални вештини како значајни дидактички методи во мотивирање на учениците. – Покрај имплементација на целите, битна ставка при осмислувањето на агендата била и да се претстават убавините на нашата земја и посета на позначајни места. Проектот ќе продолжи и наредната година со претстојните мобилности, изјави Ана Гиевска од „Браќа Миладиновци“. Училиштето „Браќа Миладиновци“ реализира повеќе европски проекти со цел, учениците да се стекнат со современи, нови методи и процеси на едукација, но и да и ги прошират пријателствата со врсници од европски држави