Сепак ќе се менуваат стрелките на часовникот викендов
Нема да има промени во сметањето на времето, граѓаните овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 откомври повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад.
– Останува истото како и досега. Односно нема да има промена во системот на сметање на времето – вели Душко Арсовски портпаролот на владата додавајќи дека деталите ќе бидат споделени во соопштение по владина седница.
Инаку Македонија требаше да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, откако владата неодамна соопшти дека според нејзините проценки, тоа би помогнало да се заштеди електрична енергија. Со тоа би се стемнувало еден час подоцна, односно работниот ден со природна светлина би бил за 60 минути подолг.