104 санкционирани возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

МВР информира дека во периодот од 17.10.2022 до 23.10. 2022 година спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 104 возачи. Од нив, 50 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.