ВИДЕО: Отворена изложба на фотографии од Македонската револуционерна борба
Во просториите на Занаетчискиот дом денеска беше отворена изложба на фотографии од Македонската револуционерна борба, по повод празникот, 23-ти Октомври.
Изложбата е во организација на Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и секторот за култура, информира Марио Арангеловски, директор на Фондацијата за култура и спорт.