ВИДЕО: Секој куршум има мета! Слави со срце не со оружје!

Пораката „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“ денеска им беше пренесена на учениците и другите жители на општина Липково. На настанот во село Слупчане, кој се организираше како дел од кампањата за подигнување на свеста за опасностите од неовластено пукање, присуствуваа ученици и персонал од училиштата во Липково, советници во општината, како и членови на месните заедници. Претставници на СВР Куманово одржаа кратка лекција за последиците од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје. Колку далеку може да „патува“ куршум испукан во воздух, што доколку некој присуствува на веселба на која се пука, дали и каде смее да пука лице што поседува дозвола за носење оружје, се само дел од прашањата што беа дискутирани на настанот.
https://youtu.be/L9GLHHwhz80