ВИДЕО:Пилот проект за селектирање на отпад во Куманово

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило” потпиша Меморандум за соработка со невладината организација  „Селектирај отпад”. Во наредните два месеца ќе се спроведе пилот проект за селектирање на отпад во кумановските населби Гоце Делчев и Зелен рид. Целта е да се мотивираат граѓаните активно да се вклучат во селектирањето на отпадот за да се унапреди квалитетот на животната средина.