МВР соопшти дека вчеравечер десет минути пред полноќ, полициски службеници од СВР Куманово, по наредба од Основен суд Куманово привеле 32 годишен жител на кумановското село Умин Дол, кој што бил баран со потерница за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Кшање за издржување на казната.