ВИДЕО: „Саем на мед“ за Денот на градот
Пчелари од земјава и соседството денеска на градскиот плоштад ги изложија своите производи, во рамки на Саемот на мед, којшто го организира Здружението Пчела Куманово, по повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на градот. Пчеларите се надеваат на успешен саем. Посочија дека цената на мед останува иста и нема да се зголеми и покрај економската криза и поскапувањата. Манифестацијата ќе трае и утре до 18 часот. Од Здружението Пчела најавуваат уште активности до крајот на годината.

Манифестацијата „Саем на мед“ со своја точка ја отворија учениците од основното училиште „Христијан Карпош“.
