ЛДП: Конечно граѓаните знаат каков воздух дишат

Со ставање во функција на мерната станица, е направен мал но значаен чекор кон подигање на општата еколошка свест, а кумановци конечно имаат информации каков воздух дишат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ЛДП,  Филип Јаневиќ.

-Иако во опозиција, ЛДП заедно со граѓаните успеа да се избори во Куманово конечно да биде поправена мерната станица од страна на Министерството за животна средина. По долги години нејзино нефункционирање, денeска мерната станица го покажува нивото на загаденост на воздухот. Мораме да напоменеме дека од првичниот увид, забележливо е тоа што станицата ги мери опасните ПМ 10 но не и ПМ 2,5 честички кои се покажаа како едни од главните кои му штетат на човечкиот организам-нагласи тој.

Според извештајот на Светската банка во Македoнија годишно од загаден воздух умираат по 1350  лица. Првичните податоци покажуваат дека и Куманово не е имуно на големото загадување во државата, особено во вечерните часови кога присуството на ПМ 10 честичките е најголемо, велат од ЛДП.

-Со обработка и анализа на податоците од овие станици општинските и државните власти, заедно со нас граѓаните ќе имаат можност да спроведат политики со кои би се заштитило здравјето на населението. Денеска во Куманово има над 30.000 регистрани патнички моторни возила и голем дел од домаќинствата заради скапата електрична енергија се загреваат на дрва. Токму заради овие причини ставањето во функциоја на мерната станица беше повеќе од неопходно-нагласи тој.

Од ЛДП порачаа дека и во иднина ќе продолжат да работат на кревање на еколошката свест и градење и промовирање на политики за здрава животна средина.

 

 

Коментари

коментар(и)