ВИДЕО: Жените од „За наше Куманово“ со трибина „Семејно насилство и негова превенција“

Во организација на Клубот на жени при граѓанското здружение „За Наше Куманово” синоќа во Занаетчискиот дом се одржа трибина насловена „Семејно насилство и негова превенција”.

Пред кумановци се обрати претседателката на клубот, Оливера Николовска која истакна дека се почесто се слуша за жртви на семејно насилство.

На трибината се обрати доктор Крсте Маљановски, кој ја истакна важноста на институциите, централни и локални, невладините организации, кои мора повеќе да придонесат при решавање на овој проблем.

Во дебатата учествуваа и психолози, граѓански активности, советници.