Седум неексплодирани гранати биле пронајдени во село Отља, липковско при ископ за поправка на водовод, информира кумановската полиција.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирал дека станува збор за гранати од рачен ракетен фрлач кои најверојатно потекнуваат од 2001 година. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.