ВИДЕО: Стојчевски: На четири локации во Куманово викендов ќе се одлага кабаст отпад

На влезот на градот кај Територијалната противпожарна единица Куманово, пред  Градскиот базен, во населбата Гоце Делчев спроти „Кошеви“ и во Долно Којнаре во близина на Споменикот на авијатичарите се пунктовите каде што јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ викендов ќе постави соодветни садови за одлагање на кабаст отпад.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да го одложат кабастиот отпад( мебел, апарати за домаќинство и сл. ) на посочените пунктови бесплатно.

Акцијата за собирање на кабаст отпад ќе започне од раните утрински часови во сабота ( 04.11.2023), а ќе трае до доцните попладневни часови во недела ( 05.11.2023).