Нови клупи и нова урбана опрема на градскиот кеј

„Поставени се нови клупи и нова урбана опрема по должина на градскиот кеј изработена од масивни бетонски елементи, со цел поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување, а со овој тренд ќе продолжиме и на други локации во градот.

Покрај тоа, верувам дека единствено со заеднички заложби можеме целосно да го заштитиме нашиот заеднички имот.

Апелирам до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој, бидејќи тој е наменет за сите нас, а воедно да го пријавуваат и осудуваат вандалското и несовесно однесување на поединци кои постојано го уништуваат“, напиша градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.