Вработените од техничкиот персонал од кумановската општа болница денеска мирно протестираа пред установата, барајќи доследно зголемување на платата како што е договорено. Болничарите, обезбедувањето, возачите, хигиеничарите, вработените во кујна се пожалија дека зголемувањето на платите воопшто не соодветствува со најавеното зголемување од десет проценти за сите вработени во здравството. За нив е нејасна и т.н доплата до минималната плата. Најавуваат дека ќе поднесат барања за регулирање на овој проблем до Министерството за здравство преку синдикалната организација.