Хуманитарното здружение „Англунипе“ традиционално во пресрет на празниците денеска додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост. Годинава на акцијата се приклучи и Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово.