Мигранти од Сирија пронајдени во село Речица
Полициски службеници од СВР Куманово, викендов пронашле петмина мигранти од Сирија во кумановското село Речица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, лицата биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.