Во периодот од 20 до 22 ноември годинава Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово беше домаќин на ученици и наставници од Романија и Турција, кои се учесници во проектот „ ENVIRONMENTAL MATHEMATICS“.
„За оваа мобилност, учесниците имаа подготвено презентации за водениот и земјениот екосистем во својата земја. Имаа работилница за која изготвија план за заштита на екосистемите, а потоа симболично засадија дрвца во училишниот двор“, информира Валентина Каранфиловиќ, професорка по математика во Гимназијата „Гоце Делчев“.
Покрај работилниците, биле во посета на кањонот Матка и музејот на ЕВН во Скопје, Заливот на коските и Свети Наум во Охрид, со што и самите се запознале со нашите еко системи.
„Презадоволни од организацијата и нашите природни убавини заминаа со ветување дека пак ќе ја посетат нашата земја“, вели Каранфиловиќ.
