СВР Куманово соопшти дека вчеравечер во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово.
Тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.
Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Претходно, истиот ден полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Ш.(25), Ѓ.Ш.(33) и Т.И.(33), сите од Куманово. Тие се сомничат дека од сепарација во село Доброшане, кумановско одзеле повеќе предмети.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.