ВИДЕО: Советничката група на СДСМ и коалицијата ја напушти седницата
Советничката група на СДСМ и коалицијата ја напушти денешната седница, откако во текот на расправата советничката Атина Мургашанска побара, а не беше повлечена предлог – одлуката за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово. Мургашанска кажа дека доколку точката остане на дневен ред советничката група на СДСМ нема да гласа и ќе ја напуштат седницата, а ги повика и останатите советници да не даваат зелено светло на предлог- одлуката.
-Не логично е. Зошто не почекате дали ќе ви ги прифатат новите имиња, па да дојдете на седница на Совет, па да одиме со нова нумерација? Нешто овде оди ретроактивно, како може прво да носиме нова нумерација која можеби ќе биде прифатена, а се уште чекаме дали ќе бидат прифатени, а во меѓувреме носиме одлука дека старата не важи. Не мора да носиме дека не важи, логично е ако донесеме нова дека старата не важи, но сега не важи и новата, ако не минала во Централен регистар. По мене е не логично и прави збрка која можеби ќе биде и поголема. Вие го имате мнозинството во Советот и сакате да донесете незаконска одлука, ние нема да учествуваме во ова. Доколку ја изгласате одлуката, советничката група на СДСМ ќе ја обжали пред сите надлежни судски истанци, рече Мургашанска.
Предлог-одлуката за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово доби поддршка од 13 советници, 4 гласаа „против“ и 5 „воздржани“.