Фестивал на планински филм „ЕХО“ во Куманово
Фестивал на планински филм „ЕХО“ ќе се одржи утревечер во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.
Настанот е во организација на „ЕХО“ и Здружението на планинари и заштита на планината (ЗПЗП) „Козјак 2013“ од Куманово.
Програмата на фестивалот e поделена во два блока.
Во првиот блок ќе се емитувааt филмовите „Тивок Сведок“ на Димитар Тодоровски од Македонија, по што ќе следува „Патување на животoт“ на Жером Танон од Франција и „Горе на врвот“ од Џовани Гроси, Италија.
Вториот блок од фестивалската вечер ќе започне околу 21 часот при што ќе се емитуваат филмовите „Последните набљудувачи “ на Маја Карслон од Шведска, „Експедицијата на Етвеш“ на Бенце Катаи од Унгарија и „Тивкото бегство“ од Освалд Родриго Переира, Полска.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.