Од почетокот на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.