Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.
Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.
Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.