Карванот на издавачката куќа Три до сабота ќе биде пред Центарот за култура Трајко Прокопиев. На отворен простор пред платото, на кумановци им се нудат актуелни наслови од домашни и странски автори.
-Како и секоја година и оваа пред центарот за култура Трајко Прокопиев се одржува караван на книгата од издавачка куќа Три со саемски попусти до 70 проценти на сите книги. Има книги од домашни и од странски автори, детска литература, боенки за деца, психолошки книги и други-нагласи Дајана Стојадиновска.
Основната цел на манифестацијата е да се доближи книгата до пошироката читателска публика.
-Заинтересираноста за сега е голема, тука сме до сабота од 8 часот наутро до 20 часот. Секој што е заинтересиран може да дојде и да погледне, да ја збогати својата библиотека, речник, и да го потроши паметно своето време-додаде таа.
Меѓу најбараните дела годинава се најновата книга Умрен човек од Игор Џамбазов, Луна од Винка Саздова, како и изданија од Марија Јаневска, Коста Петров, и бројни странски автори.